Ѓока: Шкендија ќе биде многу посилна со новите засилувања во пролетниот дел

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока е задоволен од досегашните трансфери на „црвено-црните“ истакнувајќи дека неговиот состав ќе биде многу посилен во пролетниот дел со новите засилувања.

„Одбиравме единствено фудбалери за позициите кои ни беа неопходни. Верувам дека со новите засилувања ќе бидеме посилни во пролетниот дел. Генерално целта на овој преоден рок ја исполнивме, имаме квалитетни засилувања па сега останува добри подготовки пред почетокот на пролетната сезона“ - вели Ѓока.

Според стратегот на Шкендија достижна е и разликата на Вардар од осум бода...

„Тимот има победнички менталитет, и тоа е најважно. Мислам дека и негативата од осум бода не е недостижна. Се надевам дека ќе ја намалиме разликата и на крај ќе стигнеме до посакуваната цел, одбрана на титулата“ - истакнува Ернест Ѓока.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА КОЛОТО: ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
11.08.2020
Шкендија извлече реми на Чаир (2-2) против Шкупи иако по првиот дел имаше негатива од два гола. Во првиот првенствен меч во дресот на Шкендија, Дориев покажа дека е врвно засилување. Речиси самиот го извлече тимот од непријатната ситуација, постигна гол и забележа асистенција до Валон Ахмеди за израмнување на резултатот.
Види детали