Ацковски: Среќен сум што дојдов во Брегалница, клуб кој нуди одлични услови за работа...

Веќе трет ден младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски, кој пристигна од Работнички, е дел од стартните подготовки на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот. И не ги крие имперсиите од условите за работа кои нудат „сините“.

Ацковски, споделувајќи ги првите свои впечатоци по пристигнувањето, вели дека очекува свој максимален придонес за остварување на целите и амбициите на клубот сезонава.

„Мора да нагласам дека сум изненаден од максимално професионалните услови за работа кои ги нуди клубот, како ретко кој друг клуб во Македонија. Навистина сум среќен што дојдов во Брегалница, клуб со долга традиција но и клуб со големи амбиции сезонава. Кога пристигна понудата воопшто не размислував, затоа што и моја желба беше да играм во синиот дрес“ - вели Ацковски, притоа дополнувајќи:

„Со дел од фудбалерите добро се познавам. Верувам дека нема да ги разочарам навивачите на Брегалница, ќе ја оправдам довербата на раководството и стручниот штаб кои ме ангажираа и ќе помогнам Брегалница да се врати таму каде што и местото, во Првата лига“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали