И Кожуф ги почна подготовките за пролетната сезона (ФОТО)

И второлигашот од Гевгелија, ФК Кожуф денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

На првиот собир, тренерот Беќаров сметаше на сите расположиви сили од есенскиот дел дополнети и со рековалесцентите Каракамишев, Стојковски и Костадинов. Како што информираат од клубот денеска тренирале сите освен Шапов кој има скршеница на прст на ногата и Зумровски. Од редовите на младинската школа е прекомандуван Стојков Кирил.

„Во преговори сме за засилување со неколку млади фудбалери чии имиња ќе ги обелодениме наредниве денови“ - информираше тренерот Беќаров.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали