Македонија ЃП официјално ги промовираше Ковачев и Петров (ФОТО)

Македонија Ѓорче Петров официјално ги промовираше првите две засилувања за пролетниот дел од шампионатот.

Повратник во клубот е крилниот офанзивец Филип Петров кој доаѓа од редовите на велешки Борец, а претходно во кариерата има настапи и за Вардар, Тетекс, Пелистер а има настапи и за српскиот прволигаш Јавор Ивањица.

Второто засилување е бугарскиот дефанзивец Мартин Ковачев кој доаѓа од Дунав Русе, а претходно има настапи и за битолски Пелистер каде соработуваше токму со актуелниот шеф на стручен штаб на Македонија ЃП, Наџи Шенсои.

„Дојдов за успех, не само да помине сезоната. Целите на клубот се јасни, се освен Европа ќе биде неуспех!“ - истакна Ковачев по промоцијата во дресот на „лавовите“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали