Чурлинов го избра и бројот на дрес во Штутгарт

Дарко Чурлинов го комплетираше трансферот од Келн во Штутгарт, избирајќи го дресот со број 19 што младинскиот репрезентативец на Македонија ќе го носи во вториот дел од сезонава во рамките од втората германска лига. Младиот напаѓач не ја доби посакуваната минутажа во првиот тим на Келн, реши да си замине од таборот на „овните“, а од неколкуте интересни понуди ја избра онаа на Штутгарт, потпишувајќи договор до 2024 година.

„Пресреќен сум што сум овде, стопроцентно сум мотивиран да дадам се од себе за Штутгарт. Сакам да му помогнам на тимто, да сторам се што е потребно за да бидам од помош во битката за влез во елитата. Од првиот момент бев топло пречекан од соиграчите, сега сакам уште подобро да ги запознаам сите членови на тимот“, изјави Чурлинов по потписот на договор.

Дарко Чурлинов влезе во игра за Келн во првото коло од новата сезона, во првата Бундес-лига. Потоа тој настапи на девет средби за втората екипа на Келн во четвртата германска лига, постигнувајќи шест гола и две асистенции. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали