Бејтулаи се пресели во Шведска

Поранешниот шведски шампион Хелсингборг е новиот клуб на Егзон Бејтулаи, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со овој клуб со важност до 2022 година. Бејтулаи не се договори за продолжување на соработката со Шкендија, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Хелсингборг, екипа што ја заврши ланската сезона на средината од табелата во шведскиот шампионат.

„Многу сум среќен што потпишав за Хелсинборг, клуб со одлични навивачи и со добри услови за работа. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“ - изјави 26-годишниот Бејтулаи.

Тренерот на македонскиот дефанзивец ќе биде долгогодишниот шведски репрезентативец Олоф Мелберг.

„Егзон доаѓа кај нас по серијата добри игри и на клупски и на репрезентативен план. Тој се снаоѓа добро и како централен дефанзивец и како десен бек, па очекуваме уште повеќе да се развие како играч во дресот на Хелсингборг“ - истакна Мелберг.

 

 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали