Елмас - најдобар репрезент на мак-фудбалот во странство

Елиф Елмас како признание за извонредната година и низата одлични настапи на клупски и на репрезентативен план заслужено ја доби наградата за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство, на церемонијата што вечерва се одржа во организација на ФФМ. 

„Ова е моја трета година како сум дел од најдобрите. Среќен сум што ја добивам оваа награда, се надевам дека ќе ја оправдам со уште подобри изданија. Благодарение до ФФМ за укажаната доверба, би сакал на сите да им ги честитам празниците и да им посакам многу среќа и здравје во годината што следи“ - изјави Елмас откако ја доби наградата од Николче Новески.

Воедно, награда за посебен придонес за македонскиот репрезентативен фудбал на вечерашната церемонија доби и десниот бек на Спортинг Лисабон и на националниот тим, Стефан Ристовски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали