ФФМ одлучи: Македонија против Косово ќе игра во Скопје, премии од 50.000 евра за А-тимот

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го пречека Косово на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март, во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕВРО 2020 преку Лигата на нации. Ова денеска беше и официјално потврдено од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Мечот е закажан за 26. март од 20.45 часот. Победникот од ова полуфинале ќе оди на гостување во Грузија или во Белорусија, кај победникот од втората полуфинална пресметка од плејофот во Лигата Д.

„УО на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија - Косово од полуфиналето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот“, објави ФФМ на официјалниот сајт. 

Исто така донесена е одлука А-тимот да подели премија од вкупно 50.000 евра. 

„УО на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската селекција во квалификациите за ЕВРО 2020“, истакнуваат од ФФМ.

УО на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година. 

 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали