Tренинг камп во Охрид за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат

Најталентираните млади фудбалери од домашното првенство на возраст до 20 години од денеска па се до 14 декември ќе бидат дел од тренинг-кампот во Охрид што ќе биде воден од селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски. За тренинг кампот во Охрид на „Билјанини Извори“, Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

Давид Денковски (Академија Пандев), Матеј Андов (Вардар), Марио Младеновски (Вардар), Јован Манев (Брегалница), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Трајкоски (Македонија Ѓ.П.), Анес Османовски (Брегалница), Абдулхади Јахја (Струга Трим Љум), Џемал Ибиши (Вардар), Давид Тошевски (Работнички), Енсар Љума (Дрита), Јакуп Бериша (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Емир Скендери (Тиквеш), Стефан Наумчевски (Вардар), Давид Велковски (Вардар), Зоран Ивановски (Беласица), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Оливер Стоименовски (Борец), Бојан Димовски (Вардар);

Селекцијата која што ќе го одработи кампот во Охрид, в сабота од 13:00 часот ќе одигра тренинг натпревар против Работнички на стадионот „Билјанини Извори“ од 13:00 часот. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар
08.08.2020
Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.
Види детали