Брегалница со победа во четвртфиналето на Купот за крај на есента... (ВИДЕО)

Брегалница со предност ќе го очекува реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија откако на домашен терен славеше против Лабуништа со 1-0 во првиот натпревар.

Штипјани сосема заслужено стигнаа до победата која можеше да биде и поубедлива доколку Пепи Ѓорѓиев реализираше од две 100% шанси во финишот од средбата кога иако осамен пред противничкиот гол не успеа да реализира.

Стрелец на победничкиот гол за Брегалница беше Мартин Стојанов во 51. минута од натпреварот...

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)
БРЕГАЛНИЦА - ЛАБУНИШТА 1-0
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 1-1
ШКУПИ - АК. ПАНДЕВ 0-1
СТРУГА ТЛ - РЕНОВА 0-0
* Реванш натпреварите се играат на 4. март 2020

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали