Младите фудбалери ремизираа со Кипар

Македонската репрезентација за фудбалери до 15 години одигра 1:1 против врсниците од Кипар, на првиот пријателски натпревар од закажаниот двомеч со овој ривал.

Нашата младинска репрезентација предводена од Тони Јакимовски поведе со 1:0 во 64. минута со погодокот на Арбин Курти, а домашните фудбалери израмнија десет минути подоцна. На две минути до крајот од натпреварот, кипраните од пенал имаа шанса за победа, но ја погодија стативата од голот на Давид Стојановиќ.

Нашата селекција преку Зани, Стојилевски и Талевски имаше одлични шанси за втор погодок, но не беа искористени, а посебно „зицерот“ за израмнување преку Никола Талевски во последните минути од дуелот.

В четврток од 14:30, двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар.
 

Македонија до 15 години: 1. Давид Стојановиќ, 3. Зоран Фидановски, 5. Марко Стојилевски, 4. Симеон Здравковски, 2. Матеј Јаневски, 19. Горјан Цветков, 8. Мартин Ѓорѓиевски, 10. Азис Јамини, 11. Мухамед Елмас, 14. Кире Стојанов, 17. Зани Назифоски;

12. Илија Апостоловски, 13. Бесник Небиу, 18. Андреј Аризанковски, 6. Стефан Тодоровски, 20. Александар Трајчевски, 16. Амир Нухија, 15. Никола Величковски, 7. Арбин Курти, 9. Никола Талевски;

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар
08.08.2020
Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.
Види детали