Македонија, ако успее да се пласира на ЕВРО 2020, ќе биде во група со Холандија, Украина и со Австрија

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Украина и со Австрија, доколку успее да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации. Вака одреди ждребот што се одржа вечерва во Букурешт. 

Претходно најдобрите македонски фудбалери имаат долг пат, ќе треба минат две прачки. Ќе треба да го добијат полуфиналниот дуел против Косово во Скопје, а потоа и финалето против победникот од мечот Грузија - Белорусија, и тоа на гостински терен.

Италија и Турција ќе го отворат Европското првенство на 8.јуни на „Олимпико“ во Рим. 

Одредени се групите за Европското првенство кое ќе се држи следната година. „Група на смртта“ е групата Ф, во која се наоѓаат Германија, Франција и Португалија. А во неа би можела Македонија, само под услов Романија да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации. Тогаш Романците би го зазеле нашето условно место во групата Ц.



 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар
08.08.2020
Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.
Види детали