Ангеловски: Ова е најголем успех во историјата, но знам дека можевме и повеќе...

Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го криеше задоволството од триумфот против Израел во последниот квалификациски натпревар и освоеното трето место во групата за пласман на ЕП 2020.

„Пред квалификациите кажав дека Полска и Австрија се главни фаворити. Трети сме во групата што е историски пласман, но не сме задоволни затоа што знаеме дека можевме повеќе. Требаше да добиеме против Израел на гости, против Словенија на гости, и да не загубиме од Полска дома. Сакаме пласман на Европското првенство преку Лигата на нации и се надевам дека ќе успееме тоа да го реализираме. Се надевам дека ќе не избегнат само повреди пред тој меч во март со Косово и мислам дека имаме реални шанси да играме во финалето на Лигата на нации“ - истакна Ангеловски на прес-конференцијата по победата над Израел.

Селекторот на Израел, Андреас Херцог максимално со почит, објективно го призна поразот на неговата селекција на крајот од квалификациите за ЕП 2020, истакнувајќи дека Македонија била подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до трите бода.

„Македонија заслужено победи, создаде повеќе шанси, постигна погодок и на крајот заслужено се радуваше. Ние не бевме на посакуваното ниво. Мислам дека овој тим може многу повеќе, не само на овој натпревар но можеше многу повеќе и низ целите квалификации“ - истакна Херцог на прес-конференцијата по натпреварот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Аријан Адеми пред трансфер во Ал Наср
27.01.2020
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Види детали