Наполи ќе го казни Елиф Елмас

Наполи ќе му изрече казна на Елиф Елмас откако било утврдено дека македонскиот репрезентативец не ги почитувал правилата на клубот при издадената наредба за бојкот на медиумите. „Наполитанците“ на помалку од еден час пред мечот Австрија - Македонија преку официјално соопштение објавија дека ќе следат санкции за македонскиот репрезентативец поради „неовластено давање изјави на новинари“.

„Наполи може да потврди дека Елиф Елмас раџговараше со новинар без дозвола од клубот за време на клупскиот бојкот. Затоа, Наполи има право да покрене постапка против фудбалерот“ - се вели во соопштението потпишано од Никола Ломбардо, шеф за комуникации на актуелниот италијански вицепрвак.

Дополнително ќе биде обелоденета каква санкција ќе му биде изречена на Македонецот за овој „престап“.
 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Работнички не отпатува на подготовки во Охрид поради позитивен случај на коронавирус
12.07.2020
ФК Работнички не отпатува на подготовки во Охрид откако се појави фудбалер со позитивен тест на коронавирус, објави клубот на официјалниот сајт.
Види детали