Австријците со голем респект кон Македонија: Нема да е лесно, тие се одличен состав

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Виена ќе го одигра претпоследниот меч од квалификациите за ЕВРО 2020. Шансите за пласман преку групата се сведени на теорија, речиси сигурно Полска и Австрија ќе патуваат на континенталниот собир, но избраниците на Игор Ангеловски сакаат да го заокружат циклусот на третата позиција. Тоа би бил најдобар пласман во историјата за нашиот национален тим. 

Но, и тоа нема да биде лесно да се оствари, со оглед дека Австрија има огромни мотиви за успех, да освои барем еден бод и да обезбеди официјално пласман на ЕП. 

Австријците со полн респект гледаат кон Македонија. Знаат дека нема да биде лесно како на првиот меч во Скопје кога славеа со 1-4. Селекторот Франко Фода бара максимална внимателност од фудбалерите.

„Ни недостига уште една коцк во мозаикот и мораме да бидеме внимателни. Македонија е одлична селекција и нема да биде лесно вечерва на „Ернст Хапел“. Ќе мораме да бидеме максимално сериозни и да се потрудиме да стигнеме до триумфот. Верувам дека ќе имаме голема поддршка и од трибините“, изјави Франко Фода. 

Мечот меѓу Австрија и Македонија ќе се игра вечерва (20.45), а главен судија ќе биде Англичанецот Мајкл Оливер. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Дарко Чурлинов од јануари ја продолжува кариерата во Штугарт!?
14.12.2019
​Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов и дефинитивно заминува од Келн, пренесуваат дел од германските медиуми.
Види детали