Ангеловски и со Аврамовски и Ѓорѓев на мегдан против Австрија и Израел

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 против Австрија во Виена и против Израел во Скопје.

Ангеловски повика 23 фудбалери, со две нови имиња во однос на претходните собири, Даниел Аврамовски од Вардар и Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс. Иако се повикани, поради три жолти картони, за првиот натпревар со Австрија нема да може да се смета и на Муслиу, Николов и Несторовски кои ќе бидат во комбинација за натпреварот со Израел.

Македонскиот селектор ќе треба да крои нов почетен тим, пред се првиот натпревар со Австрија во Виена, но верува дека секој ќе го даде максимумот за позитивно да се заврши квалификацискиот циклус.

„За жал од стандардниот список отпаднаа неколку фудбалери, Адеми, Бејтулаи и Радески поради повреди, а за првиот натпревар со Австрија поради жолти картони ќе ги немаме и Муслиу, Николов и Несторовски. Се враќаат Барди и Велковски, а повикани се и Никола Ѓорѓев од Грасхоперс и Даниел Аврамовски од Вардар кои го заслужија тоа со своите игри“ – истакна Ангеловски по соопштувањето на списокот, притоа дополнувајќи:

„Посакував да бидеме конкурентни до самиот крај во овие квалификации. Кога е репрезентацијата во прашање секој натпревар е најважен. Ќе бидеме максимално фокусирани и сакаме да го извлечеме максимумот на секој меч. Австријците не надиграа во Скопје, ќе се обидеме да докажеме дека тоа сепак беше лош ден за нашиот состав. Ќе одиме да се надигруваме, ги браниме боите на државата и веруваме во позитивни резултати. На овие два меча ќе треба да се подготвиме и за плејофот против Косово во Лигата на нации со оглед дека нема да имаме можност за пријателски натпревари“.

Собирот на репрезентативците е закажан за в понеделник (11. ноември) а во Австрија за патува во петок (15. ноември). Натпреварот со Австријците се игра на 16. ноември, а пресметката со Израел во Скопје е на 19. ноември.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО АВСТРИЈА И СО ИЗРАЕЛ…

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали