Шкендија предвреме ја прекина соработката со Фелипе

Шкендија и Бразилецот Хуан Фелипе, по само три месеци заедничка соработка, се одлучија со взаемен договор да ја прекинат соработката.

Шампионот на Македонија и официјално информира дека е одлучено да му се заблагодарат на Фелипе на досегашната соработка па предвреме го прекинуваат заедничкиот договор.

„Во интерес на двете страни одлучено е на заеднички состанок дека е момент да се прекине меѓусебниот договор. Шкендија му благодари на Хуан Фелипе за доприносот во црвено-црниот дрес во овој период, посакувајќи му многу успех во иднина“ - се вели меѓу другото во соопштението од ФК Шкендија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите
17.11.2019
​Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Види детали