Херцог со список: Израел со проверени сили доаѓа во Скопје

Селекторот на Израел, Андреас Херцог, го објави списокот на фудбалери на чии услуги ќе смета за претстојните мечеви со Полска и со Македонија, последни во квалификацискиот циклус за ЕП 2020. 

Австрискиот стручњак нема некои преголеми изненадувања во составот, значаен дел од репрезентативците настапуваат во домашното првенство, со исклучок на нападот каде четирите голгетери се дел од клубови надвор од Израел (Мунес Дабур (Севилја), Еран Захави (Гвангжу РФ), Диа Саба (Гвангжу РФ), Шон Вајсман (Волфсбергер).

Првиот натпревар меѓу Израел и Македонија заврши без победник, 1-1.

СОСТАВ

Голмани: Ариел Харуш (Спарта Р.), Офир Марсијано (Хибернијан), Јоаф Герафи (Хапоел Т.А.).

Одбрана: Талев Тавата (Лудогорец), Еитан Тиби (Макаби Т.А.), Ели Даса (Витесе), Омри Бен Харуш (Локерен), Сун Менахен (Макаби Хаифа), Лоаи Таха (Хапоел Бер Шева), Хатем АбдЕлхамед (Селтик), Орел Дгани (Хапоел Т.А.).

Среден ред: Бибрас Натчо (Партизан), Ден Глејзер (Макаби Т.А.), Нир Битон (Селтик), Џонатан Коен (Макаби Т.А.), Илај Елмкис (Хофенхајм), Нета Лави (Макаби Хаифа), Гади Кинда (Беитар), Берам Кајал (Чарлтон), Долев Хазиза (Макаби Хаифа).

Напад: Мунес Дабур (Севилја), Еран Захави (Гвангжу РФ), Диа Саба (Гвангжу РФ), Шон Вајсман (Волфсбергер)

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали