Пораз и од Украина за футсал тимот

Футсал репрезентацијата на Македонија го загуби и третиот натпревар на квалификацискиот турнир. Нашиот национален тим загуби од Украина со 5-1. Противникот веќе по првото полувреме обезбеди предност од четири гола.

Микитјук беше стрелец на два гола, а за Украина погодија и Разуванов и Звариш. Во второто полувреме Македонија го постигна единствениот гол преку капитенот Левески во 34.минута. До крајот и Малишко стрелаше за Украинците поставувајќи го конечниот епилог на мечот. 

Претходно Македонија загуби и од Словенија (6-1) и од Косово (7-5).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Дарко Чурлинов од јануари ја продолжува кариерата во Штугарт!?
14.12.2019
​Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов и дефинитивно заминува од Келн, пренесуваат дел од германските медиуми.
Види детали