Пораз и од Косово на футсал репрезентацијата во квалификациите за СП 2020

Македонската футсал репрезентација загуби и од Косово (5-7) во вториот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020 кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Косово повторно го отвори мечот. Поведе со голот на Руковци во втората минута. Крстевски во четвртата израмни на 1-1, но гостите за 20 секунди со голот на Маџарај повторно стигнаа до водство (1-2). Алај во 13. минута зголеми на 1-3, Македонија повторно намали со голот на Исмаили во 16 минута, додека на полувреме се замина со резултат 2-4 откако на 2 секунди до крајот за Косово стрелаше Ќерими.

Нашите репрезентатици фуриозно го почнаа вториот дел и со головите на Зибери, Агуши и Мицевски стигнаа до целосен пресврт (5-4). Сепак, гостите успеаја да се стабилизираат и со головите на Пренџи во 34. минута и Керими и Топилја во самиот финиш да стигнат до конечна победа од 5-7.

Македонија в недела против Украина ќе го одигра последниот меч во овие квалификации за Светското првенство.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Дарко Чурлинов од јануари ја продолжува кариерата во Штугарт!?
14.12.2019
​Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов и дефинитивно заминува од Келн, пренесуваат дел од германските медиуми.
Види детали