Левески: Веруваме во триумф над Словенија

Македонската футсал репрезентација вечерва од 20 часот против Словенија во СЦ „Јане Сандански“ ги почнува натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за СП 2020. 

„Свесни сме каков натпревар не очекува вечерва против Словенија. Овие неколку денови од подготовките работевме напорно и ќе се обидеме силно да се спротивставиме на Словенија и покрај проблемите со повреди на одредени наши играчи со кои се соочуваме” - вели капитенот Зоран Левески, и дополнува:

„Треба од почеток да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата можност, но и доволно агресивни, посебно во одбрана. Верувам дека имаме шанса против Словенија, од нас може да очекувате труд и големо залагање. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, одлично се познаваме во тимот, заедно сме неколку години и се надевам дека со правилен пристап ќе одиграме добар натпревар“.

Билетите за квалификациските натпревари се по цена од 100 денари за секој поединечен натпреварувачки ден.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Дарко Чурлинов од јануари ја продолжува кариерата во Штугарт!?
14.12.2019
​Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов и дефинитивно заминува од Келн, пренесуваат дел од германските медиуми.
Види детали