Проблеми за футсал-репрезентацијата пред турнирот во Скопје

Македонија ќе биде сериозно ослабена на следниот претквалификациски турнир за СП 2020 во футсал, откако во последен момент од комбинација за настап отпаднаа Даниел де Соуса и Драган Петровиќ. Македонија се наоѓа во група со Украина, Словенија и со Косово, а селекторот Божовиќ е оптимист дека и покрај овие проблеми нашиот национален тим ќе успее да стигне до втората позиција во групата, зад апсолутниот фаворит Украина.

„За натпреварите од турнирот дефинитивно нема да сметаме на Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ . Тоа е сериозен удар за шансите на македонската репрезентација силно да се спротивставиме на репрезентациите во групата, посебно на словенечката селекција и да се бориме за второто место. Украина е топ фаворит за првата позиција и би било сензација доколку не го потврдат тој статус. Во вакви околности, без повредените Даниел и Петровиќ и со недоволно залечените Исмаили и Рамадан, Словенија е фаворит, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред.  Сите што ќе настапат знаат дека мораат да дадат и повеќе од своите можности за да оствариме позитивен резултат“изјави селекторот на футсал репрезентацијата, Иван Божовиќ.

Македонија во првото коло в четврток ќе се сретне со селекцијата на Словенија, по што в петок ќе следи дуел со Косово, а во третото коло од турнирот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје нашиот национален тим во футсал ќе се сретне со фаворитот Украина.

 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар
08.08.2020
Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.
Види детали