Андрески: Работнички да тргне напред уште од Чаир

Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите. 

Андрески верува дека Работнички утре ќе се претстави во многу подобро издание на дуелот со Шкупи. 

„Работнички не заслужува да биде на дното и треба сите максимално да се потрудиме што е можно побрзо да излеземе од резултатската криза. Имаме квалитет, можеби на одредени мечеви и среќата не беше на наша страна, но мораме да смогнеме сили, да заиграме подобро и да бележиме позитивни резултати во серија. Верувам дека уште утре тимот ќе покаже многу повеќе“, вели новиот шеф на стручниот штаб, Марјан Андрески за официјалниот сајт на клубот. 

Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Марјан Гоцевски, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија ќе биде Ристе Сејменов (сите од Струмица). За делегат на мечот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Костенчев (Скопје).    

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали