Марјанчо Андрески е нов тренер на Работнички

Марјанчо Андрески е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Долгогодишниот капитен на Работнички, кој досега работеше во младинската школа на клубот, а има искуство и како асистент во сениорскиот погон, ја доби довербата на раководството да го предводи тимот до крајот на сезоната, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. 



Тој доаѓа на местото на Александар Влахо, кој понуди оставка по слабите резултати во првите десет кола и несоодветната позиција на табелата, објави клубот на официјалниот сајт.



Андрески денеска веќе го одработи првиот тренинг со сениорскиот тим, побара од фудбалерите максимално залагање и професионален однос со кој ќе биде надминат овој кризен период, со цел Работнички брзо да се врати на позициите кои ги посакува во македонскиот клупски фудбал.

Работнички в среда му гостува на Шкупи на Чаир, а главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Официјално: Првата лига ќе заврши со плеј-оф и плеј-аут, ПМФЛ следната сезона со 12 екипи
29.05.2020
​Согласно очекуваното, Управниот одбор на ФФМ денеска и официјално донесе одлука за продолжување на сезоната во ПМФЛ согласно форматот за кој се изјаснаа мнозинството прволигаши, со плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање.
Види детали