Божовиќ го соопшти репрезентативниот список за футсал претквалификациите за СП 2020

Македонската футсал репрезентација од 24. до 27. октомври ќе ги одигра натпреварите од претквалификациската група за пласман Светското првенство 2020 година. На турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, нашата репрезентација е во група со Словенија, Косово и Украина.

Првиот натпревар од турнирот кој го организираме во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонската репрезентација ќе го одигра против Словенија на 24. октомври (20 часот). Во второто коло на 25. октомври (17:30 часот) играме против Косово, додека против првиот фаворит во групата, селекцијата на Украина натпреварот ќе го одиграме на 27. октомври (20:00 часот).

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Иван Божовиќ за трите натпревари од групата ќе смета на следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи);

Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи);

Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Триумф за Борец против десеткуваниот Вардар
08.08.2020
Борец го совлада Вардар со 0-1 во премиерниот меч од новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига. Никола Радовиќ беше стрелец на победничкиот гол за велешани уште во втората минута од натпреварот. Тој одлично се снајде во протовнилкиот шеснаесетник откако доби длабинска топка од Фернандо, излезе сам пред Филип Илиќ и успеа да ја затресе мрежата.
Види детали