Милевски: Фудбалерите се разочарани, но четири бода од два меча со конкурентите и не е лошо

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски истакна дека може генерално да биде задоволен со четири бода од два натпревари со конкуренти за врвот на табелата, но сепак останува разочараноста што беше пропуштена победа против Казахстан во далеку подобра игра од противникот.

„Може да кажеме дека позитивно е што имаме четири бода од два натпревари против конкуренти за висок пласман на табелата, но останува разочараноста за пропуштената победа против Казахстан. Доминиравме во поголемиот дел од мечот, по 1-0 имавме шанси за зголемена предност но не реализиравме кога требаше. Потоа противникот искористи наше невнимание во одбраната и дојде до предност. Се соочуваме со проблеми поради нестандардноста на дел од репрезентативците во своите екипи, па по два исцрпувачки меча во овој мини-циклус бевме принудени да ги замениме Даци, Митревски, Чурлинов поради исцрпеност..., кои навистина понесоа сериозен товар во овие два натпревари“ - истакна Милевски по денешниот дуел со Казахстанците.

Македонија по три кола е на врвот на табелата во групата со 7 бода од три меча, исто колку и Казахстан но од пет одиграни натпревари.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали