Спировски: Ќе биде тежок дуел, но секако можеме до победа

Силен оптимизам владее во македонската репрезентација во очекување на дуелот против Словенија вечерва од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проевски“.

Оптимистички расположен е и фудбалерот од средниот ред Стефан Спировски кој на извонреден начин се врати во форма по трансферот во израелски Хапоел Тел Авив и подолгата пауза поради повреда за време на престојот во унгарски Ференцварош. Спировски е сигурен дека против Словенците ќе се даде максимумот во желбата за три бода.

„Не чека навистина важен натпревар по кој во финишот од квалификациите би се впуштиле и во трка за првите две позиции на табелата. Знаеме дека ќе биде тежок дуел но веруваме во себе и во нашите квалитете. Без сомнение атакуваме на победата на оваа средба и токму поради тоа ќе ни биде неопходна и поддршката од трибините. Посакувам полн стадион и заедничко славје на крајот“ - вели Спировски пред дуелот со Словенија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали