Традицијата на наша страна: Три победи и само еден пораз од досегашните пресметки со Словенија

Македонија и Словенија вечерва во Скопје од 20:45 часот во 7. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020 ги очекува шестиот меѓусебен дуел во историјата.

Ако се суди според досегашниот ефект, предноста е на страната на македонската репрезентација која има три победи и само еден пораз, а еден дуел, оној последниот од Љубљана, заврши без победник.

За нас Словенија фудбалски е и историски поврзана со првиот натпревар на Македонија во независноста во Крањ на 13. октомври 1993 година кога славевме со 1-4. Стрелци на головите тогаш за Македонија беа Бошковски, Панчев, Јаневски и Канатларовски.

И следните три дуели беа од пријателски карактер. Славевме во Скопје во 1994 година со 2-0 со погодоците на Жарко Серафимовски и Зоран Бошковски, а потоа повторно во Скопје победивме со 3-2 и во ноември 2012 година. Стрелци на головите за Македонија во таа победа беа Дарко Тасевски, Адис Јаховиќ и Агим Ибраими.

Единствениот пораз го доживеавме во Копер 2016 година кога загубивме со 1-0 со голот на Безјак.

Единствениот досега квалификациски натпревар без победник е оној од март оваа година кога во Љубљана одигравме 1-1 во актуелниот квалификациски циклус. Словенците дојдоа до предност со голот на Зајц во 34. минута, а израмни Енис Барди со голот во 47. минута од средбата.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес
16.11.2019
Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
Види детали