Кек: Проблемите при патувањето дополнително ќе не мотивираат, дојдовме да победиме

Фудбалската репрезентација на Словенија со речиси тричасовно задоцнување поради проблеми со авионскиот превоз денеска допатува во Скопје, а селекторот Матјаж Кек на прес-конференцијата истакна дека тоа може само дополнително да ги мотивира неговите фудбалери во пресрет на утрешниот меч. Тренингот сепак се одржа без проблеми иако Словенците имаа проблеми и со дел од багажот. 

„Не би сакал да верувам дека е саботажа, ние сепак дојдовме да играме фудбал. Ако е за некое парче облека, нема го земат слободно. Инаку, летавме со полска авиокомпанија, а тие ни се ривали во групата. Но, сега сме фокусирани само на Македонија. Не очекува тежок и неизвесен натпревар, Македонија е квалитетна селекција. Сепак, веруваме во успех. Воопшто и не размислувам за пораз“, изјави Матјаж Кек. 

Голманот Јан Облак верува дека Словенија може да слави триумф во Скопје.

„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но подготвени сме за тоа. Македонија е посебно мотивирана по двата одлични резултати што ги оствари во септември. Сепак, и ние сме дојдени за да ги освоиме трите бода“, изјави голманот на Атлетико Мадрид и на словенечкиот национален тим.           

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали