Пандев: Потребна ни е вистинска поддршка против Словенија

Капитенот на фудбалскиот национален тим, Горан Пандев, побара од фановите да не бидат негативни, туку да им дадат вистинска поддршка на фудбалерите на утрешниот квалификациски меч против Словенија, на  арената „Тодор Проески“. Тој вели дека фудбалерите со нетрпение го очекуваат мечот против Словенците и посакуваат триумф.      

„Желно го очекуваме овој натпревар. Слушам дека Словенците атакуваат на второто место во групата, не гледам зошто и ние да не атакуваме на второто место затоа што не се подобри од нас на ниту една позиција на терен. Затоа со нетрпение го чекаме мечот, со огромна мотивација одиме на победа. Утре ни треба поддршка на стадион само од оние навивачи кои се позитивни и кои веруваат во оваа репрезентација. Не ни требаат негативци, затоа не е важно дали ќе се 15.000 или 30.000, но единствено оние кои вистински веруваат во нас и ќе ни дадат безрезервна поддршка“, истакна Горан Пандев. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија ЃП ремизираше со полскиот Погон на првиот тест во Анталија
21.01.2020
​Во првиот свој натпревар за време на подготовките во Анталија, Македонија ЃП ремизираше без голови со полскиот Погон Шчечин.
Види детали