Ангеловски: 11 мотивирани Македонци ќе истрчаат на мегдан со Словенците

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ја пречека Словенија во квалификациски меч кој може да го одреди понатамошниот тек од циклусот. Селекторот Игор Ангеловски посакува Словенците безбедно да пристигнат во Скопје, но Македонија да стигне до триумф на утрешната пресметка.    

„Им посакувам на Словенците да имаат мирен лет, безбедно да пристигнат во Скопје, тоа е најважно. Ние сме концентрирани на нашата игра и на тоа како да дојдеме до посакуваната победа. Ќе биде ова дуел на две репрезентации кои добро се познаваат. Верувам дека ќе пресуди мотивацијата, желбата, инаетот... Македонина има проблеми со повредите, но знам дека на терен ќе играат 11 подготвени фудбалери за борба, игра и за победа“, порача селекторот на националниот тим. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Сејдини на средба со првиот човек на косовската федерација: Соседите бараат повеќе билети за баражот од Лигата на нации
21.01.2020
​Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, во Приштина беше гостин на првиот човек на косовскиот фудбал, Агим Адеми.
Види детали