МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 7. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Тиквеш продолжува со победите во Втората лига - Исток во трката за прволигашка промоција. Беласица ја запиша најубедливата победа на колото, а три бода освоија и Брегалница и Кожуф. На Западот, Пелистер ја доби пресметката со Велазерими а Лабуништа со пресврт славеше против Гостивар. Скопје неочекувано на домашен терен загуби од Дрита.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 7. коло од двете второлигашки конкуренции...

1. ВУЛНЕТ ИСЛАМИ (ДРИТА)

Одличен натпревар за младиот голман на Дрита. Сигурен, бескомпромисен во одбрана на својата мрежа значајно допринесувајќи за триумфот на гостувањето против Скопје.

2. ЃОКО АЛЕКСОВСКИ (КАДИНО)

Максимално активен во победата над Кораби партиципирајќи и со погодок за три бода.

3. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)

Искусниот дефанзивец повторно со сигурна игра во улога на тимот кој ниже победи во желбата за прволигашка промоција.

4.  АНДРЕЈ КИРОВСКИ (САСА)

Беспрекорен во одбраната на својот тим, со гол најавувајќи ја победата на гостувањето против Плачковица во Радовиш.

5. ЕНИС САДИКИ (ВАРДАР ФОРИНО)

Тимот од Форинот стигна до лесна победа против „фенерџијата“ во Втората лига - Запад. Младиот Садики одигра квалитетен натпревар максимално активен во дефанзивата но и во офанзивните акции на тимот.

6. ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ (ЛАБУНИШТА)

Вообичаено еден од најактивните во средниот ред на Лабуништа, овој пат заокружувајќи и со погодок за победа на својот тим.

7. ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ДРИТА)

Ја донесе победата на Дрита на гостувањето против Скопје, стрелец на единствениот гол на мечот за три бода на гостите.

8. НИКОЛА КОСТАДИНОВ (КОЖУФ)

Гевгеличани играат одлично на стартот од сезоната, активно наметнувајќи се за врвот на табелата на Истокот. А, Костадинов е еден од најзабележителните на последниот дуел учествувајќи и со погодок во победата над Осогово.

9. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (БЕЛАСИЦА)

Играчот на колото во второлигашката конкуренција. Доволно е само да се каже дека постигна неверојатни пет гола во триумфот од 0-8 на гостувањето против Питу Гули.

10. БЛАГОЈЧЕ ГЛАВЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Пелистер ниже победи, а Главевски погодоци на секој меч. Овој пат запиша два во триумфот од 3-1 над Велазерими.

11. ЕМИР СКЕНДЕРИ (ТИКВЕШ)

Ја донесе победата за Тиквеш на тешкиот натпревар против Кит Го. Кавадарчани на тој начин продолжуваат со доминацијата на Истокот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Андрески: Работнички да тргне напред уште од Чаир
22.10.2019
Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.
Види детали