МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 9.КОЛО: ФИЛИП ГАЧЕВСКИ (ВАРДАР)

Вардар одолеа во Тетово, освои бод и ја задржа предноста од девет бода пред актуелниот првак. Најзаслужен за тоа беше капитенот Филип Гачевски кој блескаше на дуелот со Шкендија и излезе како победник во дуелите со противничките напаѓачи. 

Гачевски имаше неколку фантастични одбрани, ги скроти ударите на Бесарт Ибраими со глава и на Шефит Шефити во последните мигови од мечот чувајќи ја мирна сопствената мрежа. Со ова го заслужи епитетот најдобар играч на 9.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ

Вардар останува на врвот на табелата за време на репрезентативната пауза со 20 бода, два повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев.        

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Андрески: Работнички да тргне напред уште од Чаир
22.10.2019
Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.
Види детали