Албанецот Ернест Ѓока е нов тренер на Шкендија

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија го промовираше Ернест Ѓока во нов тренер на клубот. Се очекува уште денеска 49-годишникот да го има првиот тренинг со клубот.

„Доаѓам во професионален клуб кој е многу добро конструиран. Моите први импресии се одлични. Подготвен сум за предизвикот кој се бара од мене. Знам дека мораме да победуваме, да ја освоиме титулата во домашното првенство, да играме во Лигата на Европа, а  зошто да не и во Лигата на шампионите“, изјави Ѓока. 

Ѓока го водеше албанскиот тим Кукс до титулата во домашното првенство и купот, a во кариерата ги предводеше и екипите на Аполинија, Томори, Фљамуртари,Влазнија и Камза.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали