Два проблеми за Кек пред дуелот со Македонија

Словенија ослабена ќе допатува во Скопје за дуелот со Македонија откако двајца повикани фудбалери од страна на селекторот Кек поради повреди го откажаа настапот во овие октомвриски квалификации. Напаѓачот на Марибор, Лука Захович, беше најавуван како стартер за дуелот во Скопје, но тој ќе мора да одмори најмалку три седмици по повредата на мускулот заработена на дуелот со Мура. 

Покрај него, на повреда се пожали и Чрнигој, кој ја обнови повредата заработена на септемврискиот дуел со Полска, па сега го очекува нова пауза од терените.


„Двајцата фудбалери дефинитивно нема да настапат против Македонија и потоа против Австрија. Селекторот дополнително ќе донесе одлука дали на нивно место ќе бидат дополнително повикани други фудбалери“ - потврдија од Фудбалската Федерација на Словенија

Мечот меѓу Македонија и Словенија ќе се игра на 10 октомври во Скопје, а три дена подоцна Словенците на домашен терен ќе ја пречекаат Австрија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали