ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД: Пелистер со нов триумф, Лабуништа славеше со Гостивар

Пелистер продолжува со победите во Втората лига - Запад, славејќи со 3-1 пред своите навивачи против Велазерими во 7. коло.

Пелистер до победата над Велазерими од 3-1 дојде со головите на Бујчевски од пенал во првото полувреме, и двата гола на Благојче Главевски во вториот дел.

Лабуништа триумфираше со пресврт против Гостивар. Гостите имаа предност со голот на Реџепи по првото полувреме, но Лабуништа со головите на Сунај Хасан во 77. минута и Петар Љамчевски во 85. минута дојде до посакуваните три бода.

Вардар Форинот славеше убедливо со 4-1 против Охрид, а Кадино исто така убедливо со 3-1 славеше против Кораби. Скопје загуби од Дрита пред своите навивачи со 0-1.

ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД (7. КОЛО)
ПЕЛИСТЕР - ВЕЛАЗЕРИМИ 3-1
КАДИНО - КОРАБИ 3-1
ЛАБУНИШТА - ГОСТИВАР 2-1
ВАРДАР ФОРИНО - ОХРИД 4-1
СКОПЈЕ - ДРИТА 0-1
Standings provided by Sofascore LiveScore

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Бенјамин Демир - „моторот“ на Македонија ЃП, тајното оружје во новата сезона! (ВИДЕО)
22.10.2019
Без сомнение, 23-годишниот крилен офанзивец Бенјамин Демир со игрите сезонава веќе сериозно се наметна и како една од централните фигури на домашната прволигашка сцена. Поранешниот младински репрезентативец е еден од носителите на играта на Македонија ЃП која со максимално високи амбиции го минува актуелниот шампионат...
Види детали