Тиквеш по нова победа за зацврстување на врвот во Втората лига - Исток

Кавадаречки Тиквеш во желба за продолжување на одличната серија на стартот на сезоната и дополнително зацврстување на водечката позиција на табелата во Втората лига - Исток. Тиквеш денеска во 7. коло на домашен терен во Кавадарци го пречекува Кит Го секако со сериозна фаворитска улога за нова победа.

Во таборот на Тиквеш владее максимално оптимистичко расположение пред дуелот со пехчевци, потенцирајќи ја отворената желба за нови три бода.

Но, и во редовите на Кит Го веруваат дека ќе го дадат максимумот за уште еден позитивен резултат на тимот иако се свесни дека кавадарчани се големи фаворити.

„Позитивна е атмосферата во нашиот тим, па сигурно сакаме продолжување на серијата натпревари без пораз. Со трепелива и мудра игра секако очекуваме позитивни резултати на секој натпревар, без разлика на противникот. Добро го знаеме квалитетите на Тиквеш кој секако ја носи фаворитската улога пред денешната пресметка. Но, ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме. Ако биде така тогаш верувам ќе продолжиме со позитивните резултати“ - вели фудбалерот од средниот ред на Кит Го, Владимир Дујовски.

Натпреварот во Кавадарци ќе го суди Ристе Сејменов од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Кире Ангеловски и Стојан Костадинов. Четврти судија ќе биде Сашко Ристов, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот е Митко Бојаџиев од Чешиново, а контролор - Аднан Идризи од Тетово.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. КОЛО, денеска, 15 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ - КИТ ГО
Пехчево: БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА
Прилеп: ПИТУ ГУЛИ - БЕЛАСИЦА
Радовиш: ПЛАЧКОВИЦА - КАМЕНИЦА САСА
Кочани: ОСОГОВО - КОЖУФ

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали