Вардар издржа на дербито со Шкендија, Академија Пандев го доби Силекс, триумф и за Борец

Вардар издржа и освои бод во Тетово играјќи 0-0. Лидерот на табелата остана непоразен во дербито на колото, а актуелниот првак Шкендија дефинитивно не покажа моќ. Иако имаа повеќе од играта, домашните фудбалери како и на претходните мечеви оваа сезона едноставно не знаеја да ја затресат противничката мрежа. Вардар беше цврст во одбраната и го имаше одличниот Филип Гачевски на голот.  

Чуварот на мрежата на Вардар имаше неколку одлични одбрани пред се по ударите на Бесарт Ибраими,а во последните мигови и Шефит Шефити имаше убава шанса, но Гачевски повторно одбрани. 

Академија Пандев го совлада Силекс со 2-0. Љупчо Дориев во 38.минута го отвори резултатот, а Ѓорѓи Стоилов од пенал во 70.минута го потврди триумфот.

Без голови заврши дуелот меѓу Македонија ЃП и Шкупи во Ѓорче Петров.

Борец славеше против Струга Трим Лум со 3-2. 

Христијан Кировски во петтата минута ги доведе стружани во водство, а Борец израмни со автоголот на Драгарски. Симеон Христов од пенал во 41.минута донесе пресврт, но само една минута Кировски успеа повторно да израмни.

Борец стигна до триумф со голот на Никола Прелчец во 57.минута од средбата.              

Вчера, Работнички ја совлада Ренова со 1-0.  

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО - РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 0-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - СИЛЕКС 2-0

МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКУПИ 0-0

БОРЕЦ - СТРУГА ТЛ 3-2

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ - РЕНОВА 1-0

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 18, Македонија ЃП 15, Шкупи 13, Ренова 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга ТЛ 8, Борец 8.

 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали