Ѓоргиевски единствен дебитант за двомечот со Црна Гора и Казахстан

Фудбалерот на Вождовац, Марко Ѓоргиевски, е единствениот дебитант што е повикан од селекторот на младинската репрезентација, Благоја Милевски, за претстојниот двомеч од квалификациите против селекциите на Црна Гора и на Казахстан. Македонија во премиерниот меч славеше со 7-1 над Фарски Острови, поради што селекторот Милевски се реши да не експериментира со составот, шанса да им даде на истите играчи кои се прикажаа во одлично светло на тој меч, а Ѓоргиевски ќе има можност преку тренинзите да се наметне за место во тимот. 



Милевски потенцира дека убедливата победа мора да биде што поскоро заборавена бидејќи допрва ќе претстојат најтешките предизвици на нашите млади фудбалери во овој квалификациски циклус.

"По овие два натпревари со Црна Гора и Казахстан ќе имаме многу појасна слика и за нашите шанси и можности во квалификациската група. Нашата цел е да бидеме конкурентни и да се надеваме на пласман на ЕП. Но, одиме натпревар по натпревар, размислуваме сега за Црна Гора, а потоа и за Казахстан. Се надевам дека сите повикани фудбалери ќе пристигнат здрави и подготвени за настап“ - изјави селекторот Милевски на денешната прес-конференција.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали