Андонова ќе ги предводи фудбалерките против Казахстан и против Србија

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, ќе ја предводи нашата репрезентација на претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2021, во кои „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со селекциите на Казахстан и на Србија. Таа се врати по повеќегодишна пауза во репрезентативниот дрес, настапи на последниот квалификациски меч со Австрија, па повторно ќе биде главен адут на селекторот Изов и на октомвриските натпревари. 

На списокот на Изов се наоѓаат следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија);

Подготовките на нашата женска селекција ќе започнат на 28. септември во Скопје. Квалификациските натпревари меѓу Македонија- Казахстан и Македонија - Србија  ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 2. и 5. октомври со почеток од 15:00 часот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Андрески: Работнички да тргне напред уште од Чаир
22.10.2019
Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.
Види детали