Куп: Вардар и Шкендија ремизираа со четири гола, триумф на Брегалница

Вардар и Шкендија одиграа 2-2 во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија што се одигра на арената „Тодор Проески“. За патникот во четвртфиналната рунда ќе се решава на 30 октомври во Тетово.

Шкендија имаше водство од 0-2 по првиот дел, а од 34.минута беше со играч помалку поради исклучувањето на Гледи Мици. 

Омар Имери во осмата минута донесе предност за Шкендија, а Бесарт Ибраими со силен и прецизен удар од 16 метри во 42.минута зголеми на 0-2.

Сепак, Вардар во вториот дел спаси пораз и стигна до реми. Бојан Колевски во 72.минута ја намали негативата, а осум минути подоцна Реис Жуниор успеа да израмни. Вардар исто така го заврши натпреварот со десетмина откако во финишот беше исклучен Дарко Мицевски.

Пелистер и Работнички одиграа 1-1 под „Тумбе Кафе“. Благојче Главески во 38. минута го доведе Пелистер во водство, а израмни Николче Шаркоски во 68.минута. Битолскиот тим не успеа да реализира и пенал преку Љамчевски.

Брегалница го совлада прволигашот Македонија ЃП со 1-0, со голот на Пепи Ѓоргиев во првиот дел.

Академија Пандев со 3-0 славеше против Осогово. Лабуништа со 2-0 го победи Охрид.

Ренова славеше против Тиквеш во Кавадарци со 0-2, со головите на Ремзифаик Селмани и на Фисник Зука.


1/8 ФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА (ПРВИ МЕЧЕВИ)

ВАРДАР - ШКЕНДИЈА 2-2

ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ 1-1

ШКУПИ - СИЛЕКС 0-0

ТИКВЕШ - РЕНОВА 0-2

ЛАБУНИШТА - ОХРИД 2-0

БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0 

БОРЕЦ - СТРУГА ТЛ 0-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ОСОГОВО 3-0



 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали