Бодри ја Македонија против Словенија: Билетите по смешна цена од 50 до 200 денари

Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕП 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за првите две позиции во нашата квалификациска група.

Фудбалската федерација на Македонија како начин за максимално исполнување на арената се одлучи за исклучително ниски цени за квалификацискиот натпревар против Словенците. Цените на билетите се движи од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за Западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат билетите на Јужна и Северна трибина од националната арена „Тодор Проески“.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020“ - порачуваат од ФФМ.

Билетите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 23. септември, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на MKTickets. Билети ќе можат да се купат и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“, но за стартот на продажбата на овие места ќе следи дополнителна информација од ФФМ.

Квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2020 меѓу Македонија и Словенија се игра на 10. октомври со почеток од 20:45 часот во Скопје.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали