ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД: Скопје победи со Лабуништа со гол во 93. минута, убедлив Пелистер

Скопје го доби дерби дуелот од 4. коло во Втората лига - Запад против Лабуништа триумфирајќи минимално со 1-0 на Автокоманда со голот на Филип Јаневски во 93. минута од средбата. На тој начин скопјани сега со 10 бода од четири натпревари се осамени лидери во првенството.

Пелистер победи на гостувањето во Охрид. Борче Маневски погоди за Пелистер уште во 10. минута од средбата за 0-1, а потоа следеа уште четири гола на гостите за триумф од 1-5.

Гостивар дојде до победа против Кораби од 2-0  со головите на Бурак Менга во 74. минута и Шериф Реџепи во 86. минута.

Победи славеа и Велазерими со 3-2 против Вардар Форино, како и Дрита на мечот против Кадино со 2-0.

ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД (4. КОЛО)
Охрид - Пелистер 1-5
Скопје - Лабуништа 1-0
Гостивар - Кораби 2-0
Дрита - Кадино 2-0
Велазерими - Вардар Форино 3-2

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Тајмлес 2010“ и Горан Пандев: Шампионски прстен од Интер за Гранде Мачедоне (ФОТО)
25.05.2020
Најдобриот македонски фудбалер вечно ќе се сеќава на 2010, но ќе има шампионски прстен кој ќе го носи за спомен. Интер му подари шампионски прстен на Горан Пандев за фантастичниот успех што клубот го направи пред една деценија, кога го освои пехарот во Лигата на шампионите, но и трофеите во Серија А и во Купот на Италија.
Види детали