Елиф Елмас восхитува: За Италијанците е „малиот Модриќ“ кој танцува на терен!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е најдоброоценетиот фудбалер на Наполи во вчерашната победа против Сампдорија во 3. коло од Серија А.

Заедно со стрелецот на двата погодоци во триумфот од 2-0, Дрес Мертенс, македонскиот фудбалер доби највисока оценка од италијанските медиуми за играта против тимот од Џенова.

„Малиот Модриќ ја чувствува играта со својата елеганција. Танцува фасцинантно на терен како тоа да е најлесната работа на светот, и секогаш максимално корисен за тимот... Анчелоти му даде самодоверба, и сега тоа е едноставно незапирлив. Постојано беше во срцето на играта, многу повеќе од сите останати негови соиграчи од средниот ред. Одлични индивидуални квалитети преку кои сам си создава можности и за гол, иако на крај остана несигурен при реализацијата“ - пишува „Кориере дела спорт“ која го оцени со 7,5 како најдобар фудбалер на мечот.

Извонредни оценки Елмас доби и од „Газета дело спорт“, „Тутоспорт“, „Република“...
  Елмас за првпат ја доби довербата на Карло Анчелоти како стартер и одигра одлични 76 минути кога беше заменет со Инсиње. Согласно статистиката Елмас имаше 52 додавања во средниот ред со 92% прецизност, пет од осум добиени дуели и само една загубена топка, притоа со четири обиди кон противничкиот гол од кои еден шут во рамките на голот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали