Елмас со супер меч во триумфот на Наполи над Сампдорија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен натпревар во првиот свој меч како стартер во дресот на Наполи во Серија А.

Во 3. коло од италијанскиот шампионат Наполи славеше со 2-0 против Сампдорија. Елмас за првпат ја доби довербата на Карло Анчелоти како стартер и одигра одлични 76 минути кога беше заменет со Инсиње. Согласно статистиката Елмас имаше 52 додавања во средниот ред со 92% прецизност, пет од осум добиени дуели и само една загубена топка, притоа со четири обиди кон противничкиот гол од кои еден шут во рамките на голот. Имаше Елмас две убави шанси, по една во секое од двете полувремиња, но не успеа да реализира.



Стрелци на двата гола за Наполи беше Дрес Мертенс во 13. и во 67. минута...
Наполи, по оваа победа, со 6 бода се искачи на третата позиција на табелата зад Јувентус кој е со 7 бода, и Интер со 6 бода и натпревар помалку.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Бенјамин Демир - „моторот“ на Македонија ЃП, тајното оружје во новата сезона! (ВИДЕО)
22.10.2019
Без сомнение, 23-годишниот крилен офанзивец Бенјамин Демир со игрите сезонава веќе сериозно се наметна и како една од централните фигури на домашната прволигашка сцена. Поранешниот младински репрезентативец е еден од носителите на играта на Македонија ЃП која со максимално високи амбиции го минува актуелниот шампионат...
Види детали