Вардар по победа против Струга ТЛ, Шкупи за првпат со Булент Акин

Фудбалерите на Вардар посакуваат продолжување на позитивната резултатска низа и против Струга Трим Лум кое е едно од најпријатните изненадувања на почетокот од новата сезона, во денешното 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По претходната победа над Ренова на гости, сега „вардарци“ веруваат и во нова победа и покрај тоа што сосема е јасно дека ги чекаат незгодните стружани.

Од Струга ТЛ ја оставаат фаворитската улога на Вардар, но тренерот Јетон Беќири е сигурен дека може да парираат на „црвено-црните“ во желбата и да го изненадат фаворитот.

„Вардар игра во одлична форма последните неколку натпревари, по лошиот старт. Но, и покрај тоа што знаеме дека ја носи фаворитската улога во Скопје патуваме желни за максимално надигрување и борба да се дојде до позитивен резултат. Ќе ни недостасуваат и суспендираните Тафа и Касами, но верувам дека секој кој ќе настапи ќе го даде максимумот на терен“ – вели Беќири.

Шкупи, пак, на домашен терен предводен од новиот тренер Булент Акин атакува на трите бода против Силекс. За настап ќе конкурира и Бесар Исени, кој подолг период беше во аут поради повреда, но ќе недостасува поради суспензија Марин Јурина.

„Очекуваме тежок натпревар, Силекс е добар тим, но ние одиме на три бода. Веруваме дека може да донесеме триумф и радост за нашите навивачи“ - вели десниот бек на чаирчани, Филип Стојановски.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Вчера: АК. ПАНДЕВ - РЕНОВА 2-0
Standings provided by Sofascore LiveScore

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Бенјамин Демир - „моторот“ на Македонија ЃП, тајното оружје во новата сезона! (ВИДЕО)
22.10.2019
Без сомнение, 23-годишниот крилен офанзивец Бенјамин Демир со игрите сезонава веќе сериозно се наметна и како една од централните фигури на домашната прволигашка сцена. Поранешниот младински репрезентативец е еден од носителите на играта на Македонија ЃП која со максимално високи амбиции го минува актуелниот шампионат...
Види детали