У-18: Два пријателски натпревари со Израел

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Израел до 18 години. Натпреварите се закажани на 4. и 6. октомври на гостински терен.

На претходните контролни натпревари, македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 3-0, а славевме и против Словачка со 3-2 на турнирот во Чешка.

Селекторот на нашата репрезентација, Шкумбин Арслани за двете тест пресметки против Израел ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Кристијан Китановски (Вардар), Иван Николовски (Работнички);

Одбрана: Али Асани (Вардар), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Анатолиј Петејчук (Вардар);

Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Хамза Рамани (Шкупи), Редон Ќамили (Шкендија), Леонид Игњатов (Вардар), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија), Миран Салији (Ст. Гален, Швајцарија);

Напад: Азер Омерагиќ (Вардар), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Тајмлес 2010“ и Горан Пандев: Шампионски прстен од Интер за Гранде Мачедоне (ФОТО)
25.05.2020
Најдобриот македонски фудбалер вечно ќе се сеќава на 2010, но ќе има шампионски прстен кој ќе го носи за спомен. Интер му подари шампионски прстен на Горан Пандев за фантастичниот успех што клубот го направи пред една деценија, кога го освои пехарот во Лигата на шампионите, но и трофеите во Серија А и во Купот на Италија.
Види детали