Спировски претставен во Тел Авив: Слушнав убави работи за Хапоел

Стефан Спировски ќе биде значаен адут на Хапоел во битката за висок пласман во израелското првенство откако македонскиот репрезентативец денеска и официјално беше претставен како најновото засилување на овој клуб. Тој се сели во Израел од редовите на Ференцварош, а со Хапоел денеска потпиша договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Слушнав многу убави работи за клубот, како и за градот Тел Авив. Едвај чекам да дојдам на новиот стадион и да се запознаам со навивачите. Верувам дека сите заедно ќе им донесеме многу радости во текот на сезоната“ - изјави Спировски по потписот на договорот.



Македонскиот интернационалец веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и се очекува да дебитира за Хапоел Тел Авив веќе на саботниот меч на домашен терен против Секциа.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ренова: Ние не сакавме да играме, ризикот е преголем...
26.05.2020
Челниците на Ренова преку соопштение ја критикуваа одлуката за продолжение на фудбалската сезона во Македонија, потенцирајќи дека непотребно се ризикува со здравјето на фудбалерите. Обраќањето до јавноста на поранешниот македонски првaк го пренесуваме во целост:
Види детали