Сејдини: Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и во Летонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини искажа отворено задоволство од постигнатите резултати на националниот тим во септемвриските квалификациски натпревари против Израел и против Летонија, притоа повикувајќи да се зачува натпреварувачкиот дух пред финишот на квалификацискиот циклус.

„Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и во Летонија. Уживаме во овие фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите кои препознаваат 'срце на терен' во овој тим“ - вели Сејдини по синоќешната победа на Македонија на гостински терен против Летонија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија првпат на третата позиција по едни квалификации, Николов го „тресна“ Израел
19.11.2019
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел со 1-0 и за првпат еден квалификациски циклус ќе го заврши на третата позиција. Селекцијата на Игор Ангеловски квалификациите за ЕВРО 2020 ги заокружи со 14 бода.
Види детали