МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА КОЛОТО ВО ВТОРА ЛИГА: Јован Манев (Брегалница)

Одбранбениот фудбалер на Брегалница, Јован Манев без сомнение е еден од клучните фудбалери на „сините“ на почетокот од новиот шампионат во Втората лига - Исток. Иако со само 18 години веќе е незаменлив дел од одбраната на Брегалница, добивајќи ја комплетната доверба на стручниот штаб.

Беспрекорната игра во одбраната Манев на стартот од првенството активно ја дополнува и со голгетерскиот сенс, па последните две кола во шампионатот, на натпреварите против Осогово и на гостувањето против Питу Гули во Прилеп запиша два прекрасни погодоци, и на тој начин потврдувајќи го нескриениот индивидуален квалитет. Сето тоа за издвојување како играч на 3. коло во Втората лига според изборот на МКФУДБАЛ.

„Овие игри и резултати воопшто не се случајни. Сето тоа е плод на работата на новото раководство кое ни овозможува одлични услови за работа, но и на макотрпната работа на тимот низ летните подготовки како и огромната поддршка која ја имаме од навивачите. Целата таа комбинација ги носи резултатите преку кои секако сакаме битка за влез во Првата лига“ - вели Јован Манев.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Мите Цикарски е нов фудбалер на Академија Пандев (ФОТО)
22.01.2020
​​Поранешниот македонски репрезентативец Мите Цикарски е најновото засилување на Академија Пандев.
Види детали